Либан: Владата се обидува да спречи одговор на Хезболах што може да започне поголема војна

Сподели со своите пријатели

Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб изјави дека владата на земјата се обидува да спречи одговор на групата Хезболах против Израел, кој го обвинува за атентатот на политичкиот лидер на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије, бидејќи тој оценува дека ова би започнала поголема војна, објави денеска Ројтерс.

Loading...

Тензиите во регионот се зголемија во текот на изминатата недела по атентатот на Ханије во Техеран во средата на 31 јули.

Иран, Хезболах и Хамас го обвинија Израел за неговото убиство, а Техеран најави одмазда.

Командантот на корпусот на иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами, вчера ја повтори заканата дека Израел „ќе биде казнет во догледно време“.

Израелските власти не ја презедоа одговорноста за убиството, пренесува Танјуг.