Остатоци на ѕвер кој исчезнал пред 10.000 години се пронајдени во Русија

Сподели со своите пријатели

Волнениот носорог (Coelodonta antiquitatis) е изумрен вид кој ги населувал северните степи на Евроазија, Сибир и монголските низини за време на плеистоценот.

Loading...

Тие одамна биле на својот врв и малку се знае за нив. Затоа веста за откривање замрзнати остатоци во областа Колима на далечниот исток на Русија е вистинска сензација.

На социјалните мрежи кружат фотографии од рудари кои, барајќи злато во тундра, пронашле зачувани остатоци од волнениот носорог, пренесува Метро.

Ги гледаме мумифицираното тело и рогот, кои се зачувани благодарение на ниските температури.

Овој регион сè уште е главно покриен со вечен мраз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силно предупредување за Европа, зимска бура доаѓа од Арктикот!

Потсетуваме дека на овие простори и претходно биле откриени остатоци од животни кои некогаш доминирале, како бизони или пештерски лавови.

Локалните медиуми јавуваат дека рударите биле изненадени и воодушевени кога со булдожер ја ископале земјата, а потоа сфатиле што имаат пред себе.

Возрасните волнени носорози достигнувале должина од 3,7 метри и висина од два метри.

Loading...

Имале два рога, фронтален и многу подолг назален. Нивното тело бло покриено со долга, густа црвено-кафена коса.

За разлика од другите плеистоценски големи тревопасни животни, тие никогаш не го преминале Беринговиот копнен мост и го населиле северноамериканскиот континент.

Се претпоставува дека причината е мала количина на храна и немање соодветно живеалиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е прв потег на Путин откако Бајден одобри употреба на ракети со долг дострел

Претставниците на овој вид исчезнале на крајот од последното ледено доба, пред околу 10.000 години.