Уапсен висок службеник на руското Министерство за одбрана

Сподели со своите пријатели

Заменик-шефот на главната дирекција за иновативен развој во руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Владимир Шестеров, е приведен во врска со случајот со проневера на буџетски средства наменети за проектот Патриотски парк, објавија официјални лица во понеделникот.

Loading...

Претставничката на рускиот истражен комитет, Светлана Петренко за агенцијата „РИА Новости“ изјавила дека ќе се одлучи какви мерки ќе бидат преземени против него.

Во врска со овој случај претходно беше уапсен директорот на паркот „Патриот“, Вјачеслав Ахмедов.

Според истрагата, тој и Шестеров заедно со соучесници биле инволвирани во кражба на буџетски средства наменети за активностите и функционирањето на Паркот и конгресно-изложбениот центар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски напад на Запорожје, едно лице загина, 16 се повредени

Паркот „Патриот“ беше отворен во Кубинка во близина на Москва во јуни 2015 година.

Неговата површина е 3,5 илјади хектари, а во него се сместени главниот храм на вооружените сили на Русија, Музејот на Големата патриотска војна и изложбените павилјони.