Се поставува нова урбана опрема на малиот плоштад во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Се поставуваат нови канделабри, клупи и корпи за отпадоци на малиот плоштад, информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Како што посочи Димитриевск, плоштадот „Маршал Тито” добива сосема нов и модерен лик.

 

 

Loading...

Претходно беа поставени нови гранитни плочи на патеките.

 

 

Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување пешачка зона.

 

 

Loading...

Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да се добие целина со зоната на малиот плоштад кој потоа ќе се спои со големиот плоштад „Нова Југославија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инцидент кај Серава: Непознат маж повлекол малолетно девојче

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски