Кинеската владејачка Комунистичка партија (ККП) го избрка Ванг Јилин, поранешен директор и партиски секретар на државната Кинеска Национална нафтена корпорација, поради кршење на дисциплината, објави денеска Ројтерс, цитирајќи кинески државни медиуми.
Loading...
Ванг, кој ја предводеше најголемата нафтена компанија во земјата, беше под дисциплинска постапка и надзор поради сомневање за сериозни прекршувања на партиската дисциплина и државните закони.
Истрагата ја водеа Централната дисциплинска комисија на КПК и Националната надзорна комисија, водечкото тело за борба против корупцијата.