Пожарот кој завчера го зафати селото Малотино во општината Старо Нагоричане е се уште активен утринава.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувјаќи се на ТППЕ Старо Нагоричане, пожарот досега пеплосал околу 80 хектари деградирана шума, нискостеблеста шума, драка и сува трева.
Во гаснење на пожарот учествуваат самите пожарникари од Старо Нагоричане, а вчера имаа помош од два полициски хеликоптери, припадници на АРМ и МВР.
Во моментов се делува со грбни пумпи на месноста викана Китка.
Пожарот во меѓувреме преминал и на територијата на Република Србија, каде исто така се делува со грбни пумпи.
ТППЕ Старо Нагоричане вчера доцна попладне интервенирале и на запалена сува трева во атарот на селото Арбанашко.
Никола Ивановски