Вака убиениот шеф на Хамас реагираше на веста дека синовите му се мртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Водачот на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Иран, објавија во одвоени соопштенија палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда.

Loading...

Исламистичката фракција соопшти дека тагува за смртта на Ханије, која според неа е убиена во „предавничкиот ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“.

„Рано утринава беше погодена резиденцијата на Исмаил Ханије во Техеран, што резултираше со мачеништво на него и еден од неговите телохранители. Причината се истражува и наскоро ќе биде објавена“, соопшти иранската Револуционерна гарда.

Претходно оваа година, во израелски воздушен напад врз цели од висок профил во Газа беа убиени неговите тројца синови.

Израелската војска соопшти дека двајца се воени оперативци на Хамас, а третиот командант на ќелија.

Видео во кое мирно ја примил веста дека неговите тројца синови и внуци се мртви

Тогаш настанало познатото видео кога Ханије во Катар телефонски ја добила веста дека неговите тројца синови се мртви, заедно со неговите внуци.

„Хазем, Мохамед и Амир беа убиени, заедно со нивните деца“, му вели глас од другата страна во солзи.

Ханије, кој ја прими веста при посетата на ранетите од Газа во болница во Катар, останува речиси целосно смирен во врска со тоа, велејќи во неколку наврати „Алах да им даде мир на нивните души“.

Loading...

 

 

На прашањето дали ќе ја заврши посетата, тој рече: „Не, зошто? Да продолжиме“.

Ханије е познат по друго видео во кое гледа терористички напад на Хамас во Израел во октомври минатата година на телевизија во неговата канцеларија во катарската престолнина Доха, додека се поклонува со група други претставници на Хамас.