Сеумдесет и петгодишен маж од кумановското село Кокошиње е првата жртва на пожарите годинава во Македонија.
Лицето вчера почина откако неговата куќа била зафатена од пожар, а внукот успеал да ја спаси само својата баба.
– На 29.07.2024 во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14.00 часот настанал пожар на сува трева во с.Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и село Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и Т.П.(73), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
Никола Ивановски