Голем пожар од вчера гори во селото Малотино во општината Старо Нагоричане, а утринава се гасне со сите сили.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи тој пожар се шири кон Козјачијата.
Вчеравечер се спасени куќите да не изгорат. Теренот е многу тежок за гаснење, нема пристап за возило, а отежнувачка околност е и силниот ветер.
Гори голема површина на сува трева и нискостеблеста деградирана шума.
Од утринава на терен се два полициски хеликоптери, припадници на Единицата за брзо распоредување и Армијата.
– Активно сме присутни од вчера од 11 часот, противпожарната единица, од јавното комунално претпријатие од Македонски шуми и имавме поддршка од Ранковце. Има изгорена стари напушени куќи, не ја знам бројката. Цела противпожарна единица е на терен имаме поддршка со два хеликоптери, од ЕБР 30 луѓе и припадници на армијата, зафатена е површина на целиот Козјак, информираше утринава в.д. градоначалникот на Старо Нагоричане Бобан Цветановски.
Пожарот кој гореше во селото Руѓинце вчера е изгаснат.
Никола Ивановски