Вкупно 17 пожари вечерва се активни низ Македонија, а голем дел од нив се на територијата на Куманово, Старо Нагоричане и Липково.
Loading...
Како што информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, моментално пожари има во кумановските села К’шање и Кокошиње.
На територијата на Општин Старо Нагоричане гори во селата Руѓинце, Коњух и Малотино.
Во липковско гори во селата Отља, Липково и Никуштак.
Пожарникарите се на терен и се борат со пламените јазици, но ветерот ја отежнува битката.
Денеска возрасен маж загина по задушување од чад од пожар во кумановското село Кокошиње.
Loading...
Никола Ивановски