Ким Џонг Ун ја предводеше операцијата за евакуација на 5.000 жители заробени во поплавите

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите погодени од поплавите во близина на реката Амнок на северот од земјата и водеше операција за спасување на околу 5.000 жители користејќи воени хеликоптери, објавија утрово севернокорејските државни медиуми.

Loading...

Медиумите објавија дека Ким во неделата ги посетил областите во провинцијата Северен Пјонган кои се погодени од поплави по рекордните врнежи на северот на земјата.

Врз основа на наредбата на Ким, воздухопловните сили мобилизираа десетина хеликоптери за да евакуираат околу 5.000 жители, пренесува Јонхап.

 

 

Ким ги обвини релевантните службеници дека не ја спречиле штетата од поплавата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја објавија првата снимка од носач на дронови и хеликоптери. Се гледа е и „невидливиот“ дрон

На состанокот на 22 јули, севернокорејскиот лидер им наредил на надлежните агенции да ги спроведат сите мерки за да се спречат штетите од потенцијалните обилни врнежи и да се фокусираат на санирање на последиците од поплавите, пренесува Танјуг.

Loading...