Педесетгодишен мотоциклист од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако викендов се судрил со „пежо“ на влезот на населбата Перо Чичо.
– На 27.07.2024 во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„620“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.( 50), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Ургентен центар Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово.
Никола Ивановски