УХМР прогласи жолт метео аларм за невреме со грмотевици и дожд

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска прогласи жолт метео аларм за опасност од невреме со грмотевици и пороен дожд.

Loading...

– Денес од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер, информираат од УХМР.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за слаба нестабилност проследена со дожд и грмежи во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.

Двата метео аларми се активни и за Куманово.

Никола Ивановски