Напаѓачот во Хрватска со пиштол убил мајка, жителите на домот и вработени

Сподели со своите пријатели

Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар, Хрватска, а убиецот е уапсен, јавуваат хрватските медиуми.

Loading...

Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, напаѓачот е роден во 1973 година.

Влегол во домот со пиштол, а потоа ја убил мајка си, жители на домот, како и вработени.

Вкупно осум лица се повредени – пет се мртви, едно лице е во критична состојба, а две лица се надвор од животна опасност, јавува Јутарњи лист.

Mojportal.hr наведува дека уште пет лица се ранети и пренесени во болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зголемена вулканска активност на популарниот грчки остров Санторини

Вработен во продавница во Дарувар за Дневник.хр изјави дека до него притрчале две лица од Домот за стари лица, едниот со повреда на окото, а другиот со куршум во градниот кош.

Му кажале дека во Домот дошол маж и пукал со пиштол кон работници и изнемоштени лица.

Работникот веднаш повикал брза помош, но и полиција, бидејќи повредениот го препознал убиецот и го видел како влегува во блиското кафуле, каде полицијата подоцна го фатила.

Loading...

Во Дарувар денеска во текот на денот треба да дојдат функционери на хрватската влада, а по 14 часот во Сплит изјава ќе даде премиерот Андреј Пленковиќ.