Министерството за надворешни работи на Литванија вработи црно маче

Сподели со своите пријатели

Црното маче кое беше пронајдено во дворот на Министерството за надворешни работи на Литванија е „регрутирано“ во Одделот за стратешки комуникации, соопшти Министерството на мрежата „Икс“.

Loading...

„Немаме ни глувци, но да се биде стратег значи да се има еластичност, нели?“, се вели во соопштението на министерството.

Министерот за надворешни работи на Литванија Габриелус Ландсбергис изјави дека мачето се вика Ранго.

„Ранго беше спасен од нашиот двор и веднаш му беше доделена титулата официјална мачка на Министерството за надворешни работи на Република Литванија“, напиша министерот на својата сметка на мрежата „Х“.