Авиосообраќајот на аеродромот во главниот град на Германија, Берлин денеска беше запрен до 09:00 часот по средноевропско време (08:00 часот по средноевропско време), а сите аеродроми во Шпанија пријавија „инциденти“ поради технички проблеми, јавува Би-би-си.
Берлинскиот аеродром на платформата Х објави дека летовите доцнат поради технички проблеми.
Претходно, голем број австралиски компании, банки, медиуми и авиокомпании денеска објавија дека се изложени на масовен сајбер напад.
Федералната управа за воздухопловство (FAA) објави дека сите летови на неколку големи американски авиокомпании – вклучувајќи ги Делта, Јунајтед и Американ ерлајнс – денеска беа прекинати поради проблеми во комуникацијата, пренесува Танјуг.