Најлошите 48 часа топлотен бран во Грција: Затворен Акропол

Сподели со своите пријатели

Туристичкиот локалитет Акропол во Атина денеска од пладне до 17 часот ќе биде затворен поради екстремните температури, соопштија грчките власти.

Loading...

Одлуката е донесена за заштита и на вработените и на посетителите, пишува „Катимерини“ Треба да се напомене дека Грција денеска и утре минува низ најтешките 48 часа топлотен бран, а се очекува температурите да достигнат и до 43 степени Целзиусови во некои делови од земјата. земјата.

Надлежните се во зголемена готовност и поради шумските пожари кои секое лето ја оптоваруваат Грција, наведува порталот.