Малолетничка од Куманово го пријавила својот татко дека по трет пат се обидел да ја омажи за пари, при што избегала од дома.
Loading...
– На 14.07.2024 во 22.00 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја мажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски