Неделна прогноза за Куманово: До кога ќе живееме во пекол?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 10.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Loading...

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 39 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Институциите во Куманово со препораки до населението со цел заштита од пожари

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, а максималната дневна ќе достигне 39 степени целзиусови.

Сончево и многу топло време ќе имаме и во среда кога ќе дува слаб до умерено засилен источен и југоисточен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 19 до максимални 39 степени целзиусови.

И во четврток ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи меѓу минимални 18 и максимални 37 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, затекнат додека краде

 

 

Во петок ќе имаме претежно облачно време со кракти сончеви периоди, но и натаму многу топло. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна ќе достигне 37 степени целзиусови.

Сабота носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и услови за попладневна нестабилност проследена со врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 18 до максимални 31 степен целзиусов.

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен оглас за ангажирање на 30 пожарникари во Куманово

 

Loading...

 

Сончево, суво и многу топло време ќе имаме и во текот на наредната седмица, но со нешто пониски температури од сегашните.

Никола Ивановски