Средба Муцунски – Борел во Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со Жозеп Борељ, потпретседател на ЕК и висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон.

На средбата стана збор за нашето европско досие, процесот на пристапување во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.

Воедно, Муцунски ја апострофираше нашата цврста заложба за имплементација на реформските процеси, како и определбата за посветена работа во насока на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава.

Loading...

Муцунски истакна дека земјата останува силно посветена на евроинтегративниот процес, особено во делот на исполнување на условите и имплементација на реформите. Притоа, ја нагласи потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки. Во тој контекст, беше поздравен и Планот за раст на ЕУ и нашата посветеност на Реформската агенда, што е значајно за стабилноста и просперитетот на нашите граѓани и земјите од регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Забраната за движење во шуми продолжува до 30 септември

“Нашето членство во Европската Унија останува најважен приоритет на новата влада. Потребно е земјите од Западен Балкан да покажат проактивност во делот на исполнување на реформите, додека ЕУ треба да ги потврди заложбите и подготвеноста за прием на нови земји членки. Зачувувањето на кредибилитетот на процесот на проширувањето е од клучно значење, а во моментот неопходна е постепена интеграција пред формално членство во Унијата”, истакна Муцунски.

Соговорниците се осврнаа и на европските интеграции во регионален контекст, а ги разгледаа и модалитетите за зајакнување на соработката меѓу државите од регионот и ЕУ. Воедно, ја поздравија целосната усогласеност на земјава со Заедничката надворешна и безбедноста политика на ЕУ, што е особено значајно имајќи ги предвид актуелните геополитички случувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Забраната за движење во шуми продолжува до 30 септември