Песков: Оваа одлука на САД води кон Студена војна

Сподели со своите пријатели

„Одлуката на Соединетите Американски Држави да распоредат оружје со долг дострел во Германија води кон студена војна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Преземаме сигурни чекори кон Студената војна, сето тоа веќе се случи“, рече Песков во разговорот воден од новинарот Павел Зарубин, објавен на каналот Телеграм на новинарот, пренесува РИА Новости.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков претходно денеска изјави дека одлуката на Соединетите Американски Држави да распоредат ракети со долг дострел во Германија нема да ја принуди Русија да влезе во скапа трка во вооружување, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп предложи „Трампова дивиденда“: 5.000 долари за возрасни Американци ако републиканците победат на изборите

Пентагон во средата објави дека САД ќе почнат да распоредуваат оружје со долг дострел на германска територија од 2026 година.

Станува збор за противвоздушни системи СМ-6, крстосувачки ракети Томахавк и хиперсонично оружје.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека САД ќе распоредат системи со долг дострел во Германија на ротациона основа и истакна дека одлуката на Вашингтон „ќе го затвори сериозен јаз во способностите во Европа“.