На самитот на НАТО, Бајден го претстави Зеленски како Владимир Путин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на своето обраќање на самитот на НАТО во Вашингтон го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како Владимир Путин.

Loading...

„Дами и господа, претседателе Путин“, рече Бајден.

Сепак, тој брзо се поправи, пред Зеленски да го земе микрофонот.

„Претседателот Путин? Претседателот Зеленски. Толку сум фокусиран да го победам Путин“, се исправи Бајден со насмевка.

Пред прес-конференцијата, Бајден зборуваше заедно со Зеленски за поддршката на НАТО за Украина, велејќи дека Киев е на пат да се приклучи на алијансата.

„Ние сме обединети со Украина“, рече Бајден.

Вчера НАТО го одобри „неповратниот пат“ кон членството на Украина.

 

Loading...