Српската пејачка Анабела ќе биде ѕвезда на годинешното издание не фестивалот на дувачки инструменти „Рома труба фест“ во Куманово.
Loading...
Фестивалот годинава се одржува по 19ти пат и ќе трае една вечер на 18ти јули со почеток во 19:30 часот на градскиот плоштад.
Освен Анабела која е најавена како музичка ѕвезда на вечерта, ќе настапат и Оркестар „Кеми Асанов“, Оркестар „Кочани“; Исидор Зечировиќ, Демир Уска Кантуров, Кристијан Азировиќ, Роберт Демировиќ и оркестар „Сандански“.
Организатор на фестивалот и годинава е Ансамнблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а со финансиска поддршка од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура.
Никола Ивановски