Алексеј Стојановски од Куманово го освои Отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори до 14 години.
Loading...
Стојановски, кој е член на Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово, во финалето го совлада Иван Трипковски од ТК „Чери” од Скопје со 2-0 во сетови.
– Тенискиот клуб „Тумба” од Куманово уште еднаш упатува честитки до Алексеј Стојановски за извонредниот резултат со желба континуитет на добри резултати да продолжи и во иднина, велат од клубот.
На турнирот кој се одржа на 29-ти и 30-ти јуни учествуваа околу 25 тенисери во оваа возрасна категорија.
Loading...
Настанот беше во организација на Македонската тениска федерација, а домаќин беше ТК „Црна Река“ од Кавадарци.
Никола Ивановски