Русија го осуди обидот за државен удар во Боливија

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за надворешни работи денеска го осуди обидот за пуч во Боливија, оцени дека таквата ситуација е „неприфатлива“ и изрази целосна поддршка за претседателот Луис Арце.

Loading...

„Најостро го осудуваме вчерашниот обид за воен удар“, соопшти Министерството.

Војници предводени од командантот на вооружените сили во Боливија, генерал Хуан Хозе Зунига и оклопни возила вчера се собраа пред претседателската палата во боливискиот главен град Ла Паз, за ​​да се повлечат по неколку часа.

Генералот Зунига беше уапсен и обвинет за тероризам и вооружен бунт.

„Предупредуваме дека сме против каков било обид за деструктивно странско мешање во внатрешните работи на Боливија“, додаде руското Министерство, без да прецизира чие мешање станува збор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Половина Украина без струја: Се воведуваат итни исклучувања

Се додава дека политичкото решение за сите внатрешни политички несогласувања во Боливија е императив за да се гарантира стабилноста и Боливија се нарекува сигурен стратешки партнер.

Боливискиот претседател Луис Арце, левичарски лидер, се состана со неговиот руски колега Владимир Путин на почетокот на јуни на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург.

Тоа беше негово прво патување во Русија по изборите во 2020 година и ретка посета на шеф на странска држава на Русија од конфликтот со Украина во февруари 2022 година.

Loading...

Во контекст на конфликтот во Украина, Русија се обидува да ги задржи и развие своите дипломатски и економски односи со таканаречениот глобален југ, Јужна Америка, Африка и Азија, во обид да создаде противтежа на Западот, кој финансиски и воено го поддржува Киев, пишува агенцијата Франс прес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија зборува за завршување на војната, му прати порака на Трамп