Во израелски напад во Газа убиени 10 членови на семејството на лидерот на Хамас

Сподели со своите пријатели

Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека денеска во напад на израелската армија загинале десет членови на семејството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије.

Loading...

Нападот бил врз бегалски камп во градот Газа.

Портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал изјави дека се уште има луѓе под урнатините.

Тој додаде дека меѓу загинатите е и сестрата на лидерот на Хамас.

Израелската армија не ја потврди информацијата.

Во април, тројцата сина и четирите внуци на Исмаил Ханија беа убиени во напад во логорот Шати.

Ханија живее во егзил во Катар.