Директорката на Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации, Синди Мекејн, објави дека организацијата привремено ја прекинала испораката на хуманитарна помош преку пристаништето Газа изградено од САД, по еден од најсмртоносните денови од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Израелската армија (ИДФ) во саботата ослободи четворица заложници во офанзивата во која загинаа 274 палестински цивили.
Мекејн изјавил дека со ракети биле погодени и двe складишта на WFP и дека е повреден член на персоналот на организацијата, пренесува АП.
„Загрижен сум за безбедноста на нашите луѓе по овој инцидент. Сакаме да се увериме дека сме во безбедни услови и на безбедно место пред да започнеме повторно. Но, остатокот од земјата е во функција. Ние правиме се што можеме може на север и југ“, додаде Мекејн.