Во понеделник, на 4 јуни, вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше рано наутро. Официјални лица велат дека будењето на вулканот на Големиот остров не претставува непосредна опасност за човечкиот живот и инфраструктурата.
Опсерваторијата за вулкани на Американскиот геолошки институт предупреди околу 2 часот по средноевропско време дека постои можност вулканска пепел да се исфрли во атмосферата, што може да биде опасно за авионите.
Малку подоцна, околу 8:30 часот, опсерваторијата информираше дека ерупцијата претставува мала закана и дека најверојатно нема да има големо испуштање пепел.
WATCH: Timelapse footage of the explosive eruption at the Kanlaon Volcano summit crater from 6:51PM to 6:57PM on Monday, June 3, 2024, taken by the Lower Masulog observation station. According to PHIVOLCS, the plume rose to 5000 meters above the vent.
Alert Level 2 or… pic.twitter.com/pItAQ6dAAJ
— GMA Integrated News (@gmanews) June 3, 2024
Главната опасност беа емисиите на гас и фрагменти од карпи познати како тефра кои се закануваа да бидат исфрлени од вулкан лоциран во оддалечена област на Националниот парк вулкани на Хаваи.
Вулканската активност во понеделникот, на 3 јуни беше ограничена на областа околу врвот на Килауеа и јужниот дел на нејзината калдера.
Како што може да се види на снимката од веб камерата, лава избива од пукнатините во областа.
Исто така, ерупциите ослободуваат големи количества вулкански гас, кој вклучува сулфур диоксид, кој претставува опасност по здравјето на луѓето и животните.
Пред ерупцијата, зголемена сеизмичка активност беше забележана на самитот Килауеа во неделата, што е индикација за движење на магмата под површината.
Во период од осум часа, под реонот на врвот Килауеа се регистрирани 250 земјотреси, а најсилниот бил со јачина од 4,1 степени.
Последната ерупција на Килауеа се случи во септември 2023 година и траеше една недела.
Но, токму на местото каде што се случи ерупцијата во понеделникот немаше никаква активност речиси 50 години.
Kilauea Eruption from Volcano House in the National Park. Insane. pic.twitter.com/OH3X4zqxtc
— Jax (@JaxWaller1) June 3, 2024