До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м 2 ), локално поројни и проследени со грмежи.
Во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).
Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.
Никола Ивановски