Седум пратеници од Куманово и еден од Липково во новиот парламентарен состав

Сподели со своите пријатели

Седум кумановци и еден липковец од пет коалиции ќе седнат во собраниските клупи на новиот парламентарен состав според сегашните проекции на ДИК.

Loading...

Најмногу претставници ќе има во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дури тројца. Два има коалицијата на ДУИ, а по еден имаат ЗНАМ, СДСМ и ВЛЕН.

Иван Стоилковиќ – ДПСМ (ВМРО-ДПМНЕ)

 

Иван Стоилковиќ доаѓа од Демократската партија на Србите во Македонија. Роден е во 1962 година во Куманово.

По професија е дипломиран правник. Тој веќе во неколку состави е дел од Собранието.

Бране Петрушевски – ВМРО-ДПМНЕ

 

Loading...

Старо-нов пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Бране Петрушевски. Тој е поранешен претседател на општинскиот комитет на партијата.

Роден е во Куманово во 1983 година а по професија е дипломиран инжинер по информатички науки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови возила и опрема за кумановските пожарникари (ВИДЕО)

Бобан Николовски (ВМРО-ДПМНЕ)

 

За прв пат во собраниското столче ќе седне Бобан Николовски, актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

Тој е дипломиран економист. Беше советник во Советот на Општина Куманово, а моментално е в.д. директор на Јавното претпријатие „Куманово план“.

Претходно бил вработен во Царинската управа.

Даниел Стојчевски – Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Loading...

 

За прв пат во собраниските клупи ќе влезе Даниел Стојчевски како претставник на Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Тој е магистар по процесно-кривично право, а е актуелен директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Воедно е и претседател на локалниот огранок движењето ЗНАМ.

Оливер Спасовски – СДСМ

 

Оливер Спасовски ќе биде единствен пратеник од Куманово на коалицијата предводена од СДСМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силниот ветер корнеше дрвја и бандери ноќва низ Куманово (ФОТО)

Тој веќе добро ѝ е познат на јавноста, особено откако во 2016 година станува министер за внатрешни работи.

Loading...

Таа функција ја извршуваше во два наврати. Во меѓувреме во 2020 година беше и технички премиер.

Претходно во два наврати мандати бил пратеник.

Садула Дураку – ДУИ

 

Садула Дураку, не е од Куманово, туку е од Липково. Но, добро им е познат на кумановци по прекарот „Командант Вентили“ кој го добива во војната во 2001 година кога учествувал на страната на УЧК.

Тој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици.

Loading...

Пред војната бил наставник во ОСТУ „Наце Буѓони“, а по војната не се симнува од државни функции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Бил виш царински соработник, па заменик директор на Царинската управа. Од 2009 до 2017 година е градоначалник на Општина Липково.

Потоа беше министер за животна средина и просторно планирање.

Ељми Азири – Алијанса за Албанците (ДУИ)

 

Loading...

Од коалицијата на ДУИ, во Собранието оди и Ељми Азири. Тој е член на Алијанса за Албанците. Роден во 1976 година во Куманово.

Вработен е на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Ријад Шаќири – Коалиција ВЛЕН

 

Ријад Шаќири ќе биде претставник на коалицијата ВЛЕН. За него нема многу информации освен она што му стои на ФБ профилот, а тоа е дека работел во Царинската управа и во ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.

Loading...