Педесет и шестгодишна кумановка била тешко повредена откако во неа вчера удрил голф управуван од нејзин сограѓанин.
Loading...
– На 08.05.2024 во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски