Излезноста до 9 часот на вториот круг претседателски избори во Липково е 0,53%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Loading...
Овој процент се базира на вкупно 97,09 отсто од обработени избирачки места.
Тоа е поголема излезност од првиот круг, кога во исто време гласачкото право го оствариле 1,84 отсто.
Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Липково имаат 26.030 избирачи.
На парламентарните избори своето гласачко право во првите два часа денеска го оствариле вкупно 534 гласачи, односно 2,05 отсто од лицата со право на глас.
Право на глас за парламентарните избори во Липково имаат 26.024 избирачи.
Никола Ивановски