Жител на Липково крадел возила низ Скопје

Сподели со своите пријатели

Шеесет и осумгодишен жител на Липково доби киривчна пријава под сомнение дека сторил четири кривични дела „одземање на моторно возило“.

Loading...

– Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени 4 кривични дела „одземање на моторно возило“, од кои три на подрачјето на скопски Центар и едно на подрачјето на општина Аеродром, како и против Ф.Љ.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „помагање“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, првопријавениот кривичните дела ги извршил во последните два месеца, така што со употреба на физичка сила и погоден алат ги отворал бравите од возилата, ги одземал возилата и ги предавал на второпријавениот, каде што возилата биле  расклопувани и продавани за делови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

– Полициски службеници со судска наредба извршиле претрес на локација, сопственост на Ф.Љ., каде биле пронајдени поголема количина делови од возила кои потекнуваат од кривичните дела. Известен бил Јавен обвинител, а од страна на Судија на претходна постапка на Ш.Н.  му е одредена мерка притвор, стои во соопштението.

Никола Ивановски