Имаат ли животните свест? Еве што велат научниците!

Сподели со своите пријатели

Етичката дебата за одгледувањето добиток добива нова димензија откако меѓународната коалиција од неколку десетици научници потпишаа декларација во која посочуваат дека постои барем „реална можност“ животните да имаат свест.

Loading...

Целта на „Њујоршката декларација за свесност за животните“ е да поттикне повеќе истражувања во областа и да ја подигне свеста за благосостојбата на животните.

Авторите на декларацијата се фокусираат на сетилната способност со цел да ја разберат свеста.

Потписниците се прашуваат кои животни имаат субјективни искуства.

Тоа може да бидат сетилни искуства како допир или вкус, или искуства кои предизвикуваат добри или лоши чувства, како што се задоволство, болка и страв.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордна топла 2024 година, прва што го проби прагот на затоплување од 1,5 степени

Постојат силни научни докази дека цицачите и птиците свесно доживуваат сензации, се вели во соопштението.

Емпириските докази исто така сугерираат дека постои барем реална можност за свесно искуство кај сите ‘рбетници и многу без’рбетници.

Меѓутоа, доколку постои, неодговорно е да се игнорира таа можност при донесување одлуки поврзани со тоа животно, се заклучува во декларацијата.

Loading...

Декларацијата не содржи никакви конкретни препораки за политиката и меѓу потписниците има широк спектар на позиции за морални, правни и политички прашања.

Во Декларацијата се истакнува дека постои согласност дека сигурноста на свеста не треба да биде услов за проценка на ризикот за благосостојбата на животните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снимени неверојатни нови фотографии од Меркур! Температурите на оваа планета достигнуваат и до 430 степени

Ако постои реална можност животното да има свест – на пример, октоподите да страдаат – тогаш таа можност треба да се разгледа во политички контекст. На пример, кога се одлучува дали да се поддржи одгледувањето на октопод.