Заменик-министерот за одбрана на Русија е приведен под сомнение за примање мито, објави во вторникот највисокото руско истражно тело.
Loading...
Во кусото соопштение на Истражниот комитет на Телеграм, се наведува дека Тимур Иванов е приведен и дека истрагата за неговиот случај е во тек, пренесува Хина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека извештајот за притворот на Иванов е доставен до рускиот претседател Владимир Путин.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу бил информиран однапред за неговото приведување, рече тој.
Магазинот Форбс го наведе Иванов, експерт за кибернетика и нуклеарна индустрија, како еден од најбогатите луѓе во рускиот безбедносен естаблишмент.