Најстарите сијамски близнаци во светот, Лори и Џорџ Шапел, починаа на 62-годишна возраст во Универзитетската болница во Пенсилванија, јавуваат американските медиуми, додавајќи дека кога се родиле, лекарите им предвиделе дека ќе живеат до 30 години.
Сијамските близнаци Лори и Џорџ починаа од непознати причини.
Тие се родени во Пенсилванија во септември 1961 година со делумно споени черепи и заеднички витални крвни садови, и делеле една третина од нивниот мозок, според Гинисовата книга на рекорди за најдолговечните сијамци.
Лори и Џорџ станаа првите сијамски близнаци во светот, од кои едниот го промени полот во 2007 година.
И покрај тоа што го поминале секој момент од нивниот живот заедно, тие имале многу различни интереси и кариери.
Џорџ не можел да оди, користел инвалидска количка што Лори ја туркала.
Џорџ имал успешна кариера како кантри пејач, а Лори неколку години работела во болничка перална.
Таа била и освојувач на трофеи во куглање. Лори отсекогаш сакала да има семејство, но сепак тоа не се случи, пренесува Танјуг.
„Беше многу важно Лори и Џорџ, порано познати како Дори, да живеат што е можно посамостојни“, стои во нивниот некролог, додавајќи дека тие многу патувале.
Кога и да ги прашале дали посакуваат некогаш да се разделат, Лори и Џорџ секогаш одговарале не.
„Дали би биле разделени? Апсолутно не. Мојата теорија е: зошто да се поправи она што не е скршено? Џорџ рече во документарен филм од 1997 година, еден од многуте во кои тие учествуваа.