Астероидот вечерва ќе помине многу блиску до Земјата

Сподели со своите пријатели

Астрономите ширум светот вечерва ќе гледаат кон небото. Имено, како што информираат од Европската вселенска агенција, астероидот 2024 GJ2, откриен во вторник, ќе помине на растојание од само 12.320 километри од површината на Земјата.

Loading...

Само за споредба, тоа е само три проценти од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.

Како што истакнуваат, овој триметарски голем астероид со брзина од 14,4 километри во секунда ќе помине над Австралија околу 20:30 часот по хрватско време.

Иако астероидот ќе помине доста блиску до Земјата, астрономите уверуваат дека нема шанси за некаков судир.

Но, ќе помине на растојанието на кое вообичаено летаат сателитите во орбитата околу Земјата.

Тие додаваат дека поради близината со која ќе помине, гравитацијата на Земјата значително ќе влијае на орбитата на астероидот околу Сонцето.

Што тоа ќе значи за неговата траекторија во иднина ќе се знае откако астрономите ќе ја забележат новата траекторија.

 

Loading...