Димитриевски ги пречека футсал шампионите на Македонија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска ги пречека прваците на Македонија во футсал.

Loading...

 

 

Станува збор за фудбалерите на ФК „Фоцрца“ од Куманово кои викендов официјално го кренаа пехарот и за прв пат во историјата на кумановскиот спорт станаа футсал шампиони.

 

 

Loading...

– Денес во мојот кабинет имав особена чест да бидам домаќин на футсал шампионите на Македонија – кумановскиот футсал клуб „Форца”. Клубот е вистински репрезент на мултикултурноста на Куманово и покажува дека само со квалитет, меѓусебната почит и заедништвото ќе чекориме напред со силни и стабилни чекори.  Продолжете така млади и успешни луѓе, иднината на Македонија е во здравите генерации, им порача градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

 

 

Инаку клубот, кој е составен од мешан состав на играчи од македонска и албанска националност, лани дебитираше во футсал шампионатот на Македонија, а веќе годинава го крена и пехарот.

 

Никола Ивановски

Loading...