Според едно истражување, аспиринот може да излечи кариес без дополнителен третман на забите.
Најчестиот аспирин може да поттикне саморепарирање на забите, се наведува во истражувањето.
Лекот, кој е достапен за секого, и помага на структурата на забот оштетена од кариесот да започне процес на само-заздравување, според истражувањето на Универзитетот во Белфаст.
– Постои голем потенцијал за промена на пристапот во еден од најголемите стоматолошки предизвици на денешницата – откриваат стоматолозите.
– Резултатите покажаа дека конзумирањето аспирин промовира само-заздравување на забите. Овој вид на третман не само што може да го продолжи животот на забите, туку и да поттикне огромна заштеда во стоматологијата – вели д-р Ел Карим.
Истражувањата покажуваат дека малите дози на апсирин „значително ја зголемуваат“ поправката на минералите кои обезбедуваат јачина и функција на забите. Исто така, аспиринот ги стимулира матичните клетки на забот да ја обноват неговата структура.