ГФК Куманово загуби од Шкендија: Играше под закани и напади!

Сподели со своите пријатели

Под закани и напади фудбалерите на Куманово го играле вчерашниот меч  против Шкендија Арачиново во Третата фудбалска лига.

Loading...

Мечот кој се играше во Сингелиќ, заврши со победа од 3:0 за домаќинот Шкендија, но кумановци реагираа преку соопштение дека оние кои требало да воведат ред, ги навредувале и напаѓале.

Нивната реакција ви ја пренесуваме интегрално:

„Сакаме како клуб да дадеме едно кратко соопштение за денешниот натпревар.

Денешниот натпревар беше прогласен од страна на ФФМ за натпревар со висок ризик.

Добра проценка на луѓето од федерацијата и покрај добра организација од страна на МВР нашите фудбалери ја немаа потребната сигурност која треба да ја има еден фудбалер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец допирал по тело малолетничка, полицијата го привела

На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ луѓето кои требаа да обезбедат ред на стадионот,значи редари облечени во зелени панцири почнаа да се закавуваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот.Пред почетокот на натпреварот истите редари дојдоа до клупата за резервни играчи каде беа нашите фудбалери и почнаа да се закавуваат и вербално да ги малтретираат нашите фудбалери.Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето.

Иако имаме неколку фудбалери со прволигашко искуство видно дека беа исплашени,а што да кажеме за нашите млади фудбалери кои беа загрижени за нивните животи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја во понеделник и вторник повеќе кумановски села

Ние сме млада екипа која има амбиции за влез во Втора,а потоа и да се бориме за влез во Прва лига.Вложуваме во фудбалот и сакаме чесно да влеземе во Втора македонска лига.Сакаме јавно сите да ве прашаме,вреди ли да вложуваме во фудбалот и да се бориме за повисок ранг со екипите како екипата на денешниот натпревар?

Во секое лошо има и добро,кој знае што ке се случеше ако ние победивме на натпреварот,сите фудбалери се живи и здрави што ни е секако најважно.

Првенството е долго и има уште многу да се игра,ние уште сме лидери на табелата така ке биде и на крајот ако луѓето од ФФМ обезбедат фер и коректни услови и најстрого да ги казнат сите екипи што сакаат да земат бодови на сила по секоја цена“, стои во соопштнието на ГФК Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)

Никола Ивановски