Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во среда со почеток од 13:00 часот ќе биде отворена изложбата на карикатури „Жената-глава на семејството“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“.
Ќе бидат претставени околу педесетина карикатури на автори од повеќе земји.
Изложбата од конкурсот за карикатура насловена „Жената-глава на семејството“ е дел од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС 2022“ кој што традиционално се одржува во Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница секоја година во месец октомври. Минатата 2023 г. фестивалот го прослави 15 годишниот јубилеј од моментот на возобновувањето на истиот и негово прогласувањето за меѓународен.
Фестивалот е светски познат токму поради конкурсот за карикатура , а во 2022 год учество зедоа 283 автори од 44 држави од целиот свет со вкупно добиени 670 карикатури. Од нив беа изберени 3 карикатури за награди . Првата награда му припадна на Енгин Селџук од Турција, второто место и припаѓа на Олена Цуранова од Украина, а третото на Дарко Дрљевич од Црна Гора.
Најтешката задача за изборот на најдобрите карикатури му припадна на пет членото жири во состав : Дамир Новак -Хрватска, Наташа Костовска – Македонија, Благица Стојановска – Македонија , Горан Челичанин – Србија и Иставн Келемен- Унгарија.
Изложбата беше презентирана во повеќе градови во Македонија а во Куманово ќе биде поставена до 03.04.2024.
Интегрално соопштение