Терористите, осомничени за синоќешниот напад во концертната сала, уапсени во руската област Брјанск, се префрлени во Москва, откако беа уапсени во близина на украинската граница.
Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинска страна.
https://youtu.be/cEYZRHcPdGQ
Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.
Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица кои учествувале во нападот, соопшти Истражниот комитет.
https://www.youtube.com/shorts/tsMHwt5o5Y8
Министерството за здравство го објави првиот список на лица, на кој има 37 жртви кои загинаа во терористичкиот напад во Москва.

