ЗНАМ организира промотивна конвенција во Скопје (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Движењето Знам – За наша Македонија во недела ќе одржи промотивна конвенција со почеток во 13:00 часот во Спортско-рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Loading...

Како што истакна денеска на прес конференција, портпаролот на огранокот во Куманово, Стефан петковски, на конвенцијата ќе биде промовиран кандидатот за претседател Максим Димитриевски и носителите на пратеничките листи за шестте изборни единици.

– Македонија е исправена пред големи предизвици и по 30 години, за прв пат во историјата имаме можност да бидеме свои на своето. Пред нас се претседателските и парламентарните избори на кои ние самите ќе треба да одлучиме за својата иднина. Затоа да одлучуваме мудро, рече Петковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

 

 

Како што потенцираше, на барање на голем број заинтересирани граѓани од Куманово, ќе биде организиран и бесплатен превоз за оние кои ќе сакаат да присуствуваат.

– На барање на голем број сограѓани, заради тешката социо-економска состојба и не се во можност самостојно да дојдат на конвенцијата, ќе има организиран превоз, во 11:00 часот, пред комплексот базени во Куманово. Ве очекуваме во што поголем број, додаде Петковски.

Loading...

Никола Ивановски