Земјотреси во турската провинција Кахраманмарас и Мраморното Море

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Кахраманмарас на истокот на Турција, а послаб земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во Мраморното Море, соопштија турските власти.

Loading...

Според информациите на веб-страницата на турската агенција за вонредни состојби, се наведува дека епицентарот на земјотресот, кој се случил во 08:55 часот по локално време, бил во областа Дулкадироглу.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 5,13 километри, јавува Анадолија.

Според информациите на веб-страницата на АФАД, уште еден послаб земјотрес се случил во 09:21 часот по локално време со епицентар во Мраморното Море на оддалеченост од 2,42 километри од градот Јалова.

Земјотресот се случил на длабочина од приближно 9,71 километар под површината на морето.

Засега нема информации за материјални штети или евентуални жртви во овие земјотреси.