Зошто децата во градинките во поранешен СССР спиеле на студено? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Децата во советските градинки спиеле на отворено, дури и во зима, кога температурите биле многу под нулата.

Loading...

 

 

Тоа била вообичаена практика. Денес ваква глетка сè уште може да се види во скандинавските земји, како Норвешка.

Дали ова било опасно по здравјето на децата?

Новинарите на порталот „Russia Beyond“ проучувале документ под наслов „Санитарни правила и прописи за градинки“ од 1985 година, кој бил одобрен од медицинските власти на СССР.

Прописите налагале просториите на градинката да се проветруваат најмалку два пати на ден и децата редовно да си играат и шетаат надвор.

Loading...

Вработените во градинката требало да се погрижат децата да бидат топло облечени, но не претерано. Зимските капути биле задолжителни само доколку температурата падне под 4 степени целзиусови.

Сепак, нема информации за спиење на отворено во овие санитарни правила и прописи.

Сепак, има многу фотографии од деца кои спијат надвор. Има и голем број интересни коментари на оваа тема од луѓе кои се доволно стари да се сетат на својата младост во СССР.

Една од најважните задачи на првата советска влада била да ги спречи масовните епидемии, вклучително и туберкулозата.

До почетокот на 1930-тите, над 25.000 лекари работеле во клиниките за туберкулоза; до 1957 година, повеќе од 130 милиони луѓе во СССР биле вакцинирани против туберкулоза. Но, суштината на борбата против епидемиите била секојдневната хигиена, пропагирана во градинките.

Свежиот воздух бил неопходен за добро здравје. Здравјето на првите императори од династијата Романови било лошо затоа што поголемиот дел од животот го поминувале во нивните одаи, ретко дишејќи свеж воздух, особено кога биле деца.