Околу 140 пакувања и една ќеса со марихуана биле пронајдени во кумановскиот затвор во селото К’шање.
Loading...
– На 05.03.2024 во 12.37 часот во СВР Куманово, од Казнено – поправната установа Затвор К’шање било пријавено дека кај нив биле пронајдени околу 140 пакувања и една ќеса со марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски