Франција ќе казнува за пребрзо лансирање нови брендови за облека

Сподели со своите пријатели

Модните компании во Франција кои пречесто лансираат нови брендови за облека може да бидат казнети како компензација за нивното лошо влијание врз животната средина, соопштија денеска пратениците од владејачкото мнозинство во Франција во новиот предлог-закон.

Loading...

Пратениците истакнуваат дека модните компании со брзо лансирање, наместо да ги обновуваат своите колекции четири пати годишно, како традиционалните брендови за облека, нудат илјадници нови производи дневно и на тој начин поттикнуваат прекумерна потрошувачка и непотребно загадување, објави Ројтерс.

Агенцијата наведува дека кинеската компанија за облека „Шеин“ е апострофирана со предлог-законот како пример, кој во просек прикажува повеќе од 7.200 нови модели на облека дневно, а на потрошувачите им става на располагање повеќе од 470.000 различни производи.

Со цел да се неутрализира влијанието на ултра брзата мода врз животната средина, пратениците предлагаат казни до 10 евра по продаден предмет или до 50 отсто од продажната цена до 2030 година.

По расправата во собраниската комисија, предлог-законот ќе се најде во парламентот во втората половина на март.