Хутите погодија подводни кабли, отежната комуникацијата меѓу Европа и Азија

Сподели со своите пријатели

Јеменските Хути погодија четири подводни комуникациски кабли во Црвеното Море меѓу Џеда во Саудиска Арабија и Џибути, кои беа оштетени во таа прилика, загрозувајќи ја комуникацијата меѓу Европа и Азија.

Loading...

Според Globes, биле вклучени каблите на компаниите AAE-1, Sikom, EIG и TGN, а овој напад предизвика сериозен прекин на интернет комуникацијата меѓу Европа и Азија, а најголемата штета се почувствува во земјите од Персискиот залив и Индија.

Се проценува дека штетите на комуникациските активности се значителни, но не и критични, бидејќи низ истиот регион минуваат и други кабли што ги поврзуваат Азија, Африка и Европа, кои не биле засегнати.

Поправката на подводните кабли може да потрае најмалку осум недели, според проценките, а постои ризик од нов напад на Хутите.