Русија го забрани извозот на бензин на шест месеци

Сподели со своите пријатели

Руската влада планира да воведе привремена забрана за извоз на бензин од 1 март со цел да се балансира растечката побарувачка во пролетната и летната сезона, изјави за ТАСС портпаролот на вицепремиерот Александар Новак.

Loading...

– Можеме да ја потврдиме оваа информација – рече портпаролот.

Според ТАСС, оваа одлука е неопходна за да се компензира зголемената побарувачка за време на летните одмори, работата на терен и планираните ремонти во рафинериите.

Ограничувањето нема да важи за земјите-членки на Евроазиската економска унија и за Јужна Осетија, Абхазија, Монголија и Узбекистан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?