Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск допатувал во ненајавена посета на Белата куќа во 2023 година за да разговара со официјални лица за прашања поврзани со вештачката интелигенција, објави NBC News.
Извршниот директор на компаниите „Спејсекс“ и „Тесла“ ја посетил Белата куќа на 13 септември, според официјалниот запис за посетители.
Белата куќа потврди за американската телевизија дека темата била вештачката интелигенција и дека Маск и Бајден не се сретнале.
Исто така, истакна дека ова била единствената посета на Маск на Белата куќа за време на администрацијата на Бајден.
Милијардерот неколку пати ја посетил Белата куќа за време на администрациите на Барак Обама и Доналд Трамп, пренесува NBC News.
Маск е најбогатиот човек во светот, со нето богатство од 209 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.